
Одржувањето на „Финалисима“ меѓу Аргентина и Шпанија е доведено во прашање поради конфликтот на Блскиот Исток.
Натпреварот е закажан за 27 март во Катар.
„Финалисима“ е натпреварот помеѓу победниците на Копа Америка и Европското првенство.
Во последните изданија на двете континентални натпреварувања трофеите ги освоија Аргентина и Шпанија.
Неизвесноста доаѓа поради ситуацијата во Катар, една од земјите од Персискиот Залив каде што се сместени американски бази кои моментално се цел на Иран како одмазда за нападите на САД и Израел.
ФИФА тврди дека сè уште не е донесена никаква одлука, освен најавата на Катар за привремено прекинување на сите спортски настани.
Конечната одлука за Финалисима ќе биде објавена во наредните денови

Македонски

