Skip to main content

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади

Фото: Screenshot/BBC

Иранската Црвена полумесечина вечерва соопшти дека најмалку 201 лице загинало, а 747 се ранети во нападите на САД и Израел против Иран.

Организацијата во соопштението објавено од новинската агенција ИСНА наведе дека „24 (од 31 иранска провинција) биле погодени и оти Црвената полумесечина е во состојба на тревога“.

Ова е првиот официјален ирански биланс на жртви од нападите.

ИДФ (Израелските одбранбени сили) соопштија дека извршила стотици напади врз воени цели.

Поврзани вести