
Израел утрово започна со она што го нарече „превентивен удар“ врз Иран, изјави министерот за одбрана Израел Кац, додека вонредна состојба е прогласена низ целиот Израел. Блискиот Исток влезе во нов воен конфликт со што се намалија надежите за дипломатско решение на долготрајниот нуклеарен спор на Техеран со Западот, јавуваат светските агенции.
Владата прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.
Три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, според иранските медиуми.
Es geht los 🔥
— Markus Schaub (@M_Schaub) February 28, 2026
Mehrere Angriffe der USA und Israels trafen Teheran #SunAndLionRevolution pic.twitter.com/JYzpdRAJLr
Според Њујорк Тајмс, САД и Израел заеднички го нападнаа Иран.
Нападот, кој следеше по 12-дневната воздушна војна на Израел и Иран во јуни, доаѓа по повторените предупредувања од САД и Израел дека ќе нападне повторно ако Иран продолжи со своите нуклеарни и балистички ракетни програми.
„Државата Израел започна превентивен напад врз Иран за да ги елиминира заканите за Државата Израел“, изјави министерот за одбрана Израел Кац.
Во саботата во Техеран се слушнаа експлозии, објавија иранските медиуми. Медиумите објавија три експлозии и два густи облаци од чад.

Македонски


