Skip to main content

Во Газа пак не е безбедно, Макаби ќе игра во Белград

 Екипата на Макаби натпреварите против Анадолу Ефес и Фенербахче ќе ги игра во Белград, соопштија од Евролигата. Поради воените случувања во појасот Газа, израелската екипа две години дуелите од Евролигата ги играше во Белград, но откако беше потпишано примирје Макаби домашните натпревари ги играше пред своите навивачи.

До „враќање“ во Белград ќе дојде поради препораките на локалните власти и безбедносната процена. Дуелот од 33.коло Макаби – Ефес Анадолу ќе се игра на 24.март, а дуелот од 35.коло Макаби – Фенербахче е на програмата на 2.април.

Макаби по 29 одиграни натпревари има скор 14 победи и 15 порази. 

Поврзани вести