Skip to main content

САД им дозволија на дел од вработените во амбасадата да го напуштат Израел поради безбедносни причини

САД им дозволија на дел од вработените во амбасадата и нивните семејства да го напуштат Израел поради безбедносни причини, објави дипломатската мисија на Икс.

Во објавата се наведува дека е можно без претходна најава Амбасадата на САД да воведе нови ограничувања за движење на американските претставници во состав на мисијата и нивните семејства, а мерките ќе важат за посети на некои области на Израел, Стариот град Ерусалим и Западниот Брег.

На сите граѓани на САД им се советува да го напуштат Израел додека сè уште има летови.

Поврзани вести