Skip to main content

Реал со многу мака ја елиминираше Бенфика на Мурињо

 Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, во Винисису Жуниор гледа лидер на неговиот тим.

Реал синоќа ја победи Бенфика со 2:1 во реваншот од плејофот на Лигата на шампионите.

– Ниеден натпревар не е лесен. Мора да бидете трпеливи бидејќи Лигата на шампионите е најдоброто натпреварување во Европа. Бенфика притискаше, што ни го отежнуваше излегувањето од одбраната. Имавме простор, но не го искористивме. Сè додека не го поправивме тоа кратко по паузата, а потоа почнавме да играме подобро. Голот на Чуамени беше многу важен. Многу зборувавме за тоа во последно време, тој е на неверојатно ниво. Се надевам дека ова е првиот од многуте голови што ги постигнува.
Винисиус одигра одличен натпревар, постигна гол и создаде опасност. Кога Мбапе беше во тимот, веќе ни беше потребен Винисиус, а сега кога го нема, ни е потребен уште повеќе. Тој мора да биде наш лидер, видовме дека може да направи разлика, изјави Арбелоа за „Фудбал Еспања“.

Реал Мадрид го доби првиот натпревар со 1:0, пласирајќи се во осминафиналето на Лигата на шампионите, каде што ќе се соочат или со Манчестер сити или со Спортинг. Ждрепката ќе се одржи утре. 

Поврзани вести