Ен Алтман, сестрата на извршниот директор на OpenA, Сем Алтман, поднесе тужба против нејзиниот брат тврдејќи дека тој редовно сексуално ја злоставувал помеѓу 1997 и 2006 година.
Во тужбата, која беше поднесена на 6 јануари во Окружниот суд за источниот округ Мисури, Ен тврди дека злоупотребата започнала кога имала три години, а нејзиниот брат 12, пишува Би-Би-Си.
Во изјавата за платформата X, Алтман, заедно со неговата мајка и двајцата браќа, ги негираат обвинувањата, велејќи дека „сите наводи се целосно невистинити“.
My sister has filed a lawsuit against me. Here is a statement from my mom, brothers, and me: pic.twitter.com/Nve0yokTSX
— Sam Altman (@sama) January 7, 2025
Грижата за член на семејството кој се соочува со ментални предизвици е исклучително тешка, се додава во соопштението.
Оваа ситуација предизвикува огромна болка кај целото наше семејство.
Во поднесокот, кој го виде Би-Би-Си, Ен Алтман тврди дека злоупотребата, која траела многу години, вклучувала и силување.
Во тужбата се додава дека последниот случај на наводна злоупотреба се случил кога г-дин Алтман бил полнолетен, но таа сè уште била малолетна.
Тужбата бара судење пред порота и отштета поголема од 75.000 американски долари.
Ен Алтман претходно упати слични обвинувања против нејзиниот брат на платформите на социјалните медиуми како платформата Х.
Сем Алтман е една од најистакнатите личности во светот на технологијата. Стана глобално познат на крајот на 2022 година кога OpenAI го лансираше ChatGPT, револуционерен чет-бот базиран на вештачка интелигенција.