
На 26 февруари (четврток) во 19 часот во киното „Мис Стон“ во Прилеп ќе се прикажува филмот „Соучесници“. Влезници на билетарницата од киното од 10 до 13 часот секој работен ден и еден час пред проекцијата на филмот. „Соучесници“ е копродукција меѓу Србија (Зилион филм), Македонија (Партизанс) и Хрватска (Интер филм).
Марко Новаковиќ е режисер на „Соучесници“, сценарист е Огњен Обрадовиќ, а кинематографер е Бојан Ракиќ.
„Соучесници“ е психолошка и социјална драма. Раскажува за идиличниот живот на главните ликови кој нагло се менува по сообраќајна несреќа. Додека се борат да се справат со последиците, ги прогонува совеста, трансформирајќи ја нивната врска и доведувајќи до низа неочекувани настани.
Играат: Невена Неранџиќ, Радован Вујовиќ, Аница Добра, Даница Ристовски, Зоран Цвијановиќ, Милица Јаневски, Златан Видовиќ, Анита Огњановиќ, Јован Белобрковиќ, Сара Климоска, Стојан Матавуљ, Хана Јапунџиќ, Факета Салихбеговиќ-Авдагиќ и Петар Новаковиќ.
Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, Филмскиот центар на Србија и Хрватскиот аудиовизуелен центар.

Македонски



