Skip to main content

Малолетник без возачка дозвола приведен во Тетовско, удрил во електричен ормар и се обидел да избегне полициска контрола

Шеснаесетгодишно малолетно лице од тетовското село Слатино било лишено од слобода на 21 февруари 2026 година околу 23 часот, на локалниот пат кон село Сетоље, соопшти полицијата.

Како што информираат од СВР Тетово, при сообраќајна контрола извршена од полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово било утврдено дека малолетникот управувал патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, без да поседува возачка дозвола.

Претходно, во село Непроштено, при обид за запирање од страна на полициски службеници од Полициското одделение Теарце, малолетникот не застанал на дадениот знак, по што со голема брзина удрил во електричен ормар на ЕВН и се обидел да ги избегне полициските службеници.

Лицето е задржано во полициска станица заедно со возилото, а надлежните преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. По неговото документирање ќе биде изготвен соодветен поднесок, согласно членовите 297-а и 288 од Кривичниот законик.

Поврзани вести