Skip to main content

Во Солун се пронајдени тела на две исчезнати жени, полицијата се сомнева на сериски убијци

Фејсбук профил на грчка полиција

Грчката полиција е на нозе по пронаоѓањето на телата на две жени (42 и 46 години) кои со месеци се водеа како исчезнати. Морничавото откритие во подрумски простории во солунската населба Менемени доведе до апсење на двајца мажи, на возраст од 50 и 52 години, кои веќе се изведени пред истражен судија.

Првиот случај се води како брутално „смртоносно силување“.

Вториот случај се истражува како убиство со умисла, при што жртвата најверојатно била задушена.

Полицијата стравува дека ова е само „врвот на ледената карпа“, бидејќи начинот на кој се извршени злосторствата укажува на патолошки профил на убијци.

Поврзани вести