
Моите колеги од регионот владиниот авион го нарекуваат авиончето на браќата Рајт, бидејќи е најмало и најстаро, изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова, одгварајќи на новинарско прашање по завршување на настанот за одбележување на мајчиниот јазик.
Што да кажам? Ајде, да ве насмеам. Владиното авионче, моите колеги претседатели во регионот го нарекуваат авиончето на браќата Рајт, бидејќи е најмалo и најстарo. Јас можам да кажам за мене, употребата на владиното авионче понекогаш овозможува функционално извршување на државна работа, а е и поевтино од користењето на комерцијален лет. Па, сега не е многу пријатно и самата кажувам дека секогаш имам дилема кога немам друг избор, бидејќи знам дека е старо дваесет и пет години, а е купено на старo, рече претседателката.
Според неа, би било добро да се има понов, поголем и побезбеден авион, со кој повеќе лица од делегацијата би можеле да отпатуваат и да се вратат, а во кој исто така би можело да има и новинари кои би ја проследиле посетата.
А и ни замеруваат и јас знам дека тоа е мој голем хенгдикеп што со нас нема новинари, а со нив има и новинари. Новинарите понекогаш доаѓаат со нив, рече претседателката Сиљановска – Давкова.

Македонски



