Skip to main content

Првиот настан „Стотројка: Нова пролет“ е на 21 февруари во Котур

Дизајн на плакат: Кристијан Новковски

Канал 103 започнува со активностите за прослава на 35 години од своето постоење. Јубилејната година ќе биде одбележана со настани во и вон радиото, кои ја нагласуваат улогата на Стотројка како радио дом на заедницата, јавен простор за современа музика, слободна мисла и независна културна продукција.
Првиот настан насловен, „Стотројка: Нова пролет“, ќе се одржи на 21 февруари 2026 година во Котур, со почеток во 20 часот.

Програма:

BNELETI (ბნელეთი)


Bneleti (ბნელეთი) – „Земја на темнината“ на архаичен грузиски јазик – е соло проект на Ben Wheeler, американски музичар, композитор и етномузиколог со адреса во Тбилиси, Грузија. Неговата работа е фокусирана на фолклорната традиција на Кавказот, со посебен интерес за загрозени јазици и речиси исчезнати инструменти.
Настапувајќи со електрична гитара, азербејџански саз и модуларен синтисајзер, Bneleti ги поврзува грузиската полифонија и азерската гитарска традиција со dark ambient, drone, експериментална електроника и суптилни примеси на black metal. Неговиот деби албум под името Bneleti излезе неодамна за Inverted Spectrum Records.

МЕΔΑΡСКИ

Фотографија на Јелена Белиќ


Електроника во живо и органско техно.
Среќни инциденти и неочекувани откритија.
Минимални жлебови за максимално забегување.
Дарко Медарски во изминатите неколку години интензивно истражува и работи на полето на современата електронската музика.

ЅЕНЅ
Вечерта ќе ја заокружи Тео Симоновски од Стотројка, со ди-џеј сет за танц во длабокото.

Дизајн на плакат: Кристијан Новковски

Поврзани вести