
По повод 76 години од театарот „Војдан Чернодрински“ од 16 до 21 февруари 2026 година ќе се одржи манифестацијата „Роденденска недела“, при што на Сцена 105 во ЦК „Марко Цепенков“ ќе бидат прикажани четири претстави. На 21 февруари театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Црнила“ во режија на Дејан Пројковски, ќе гостува во МНТ во Скопје.
Сцена 105
Понеделник : 16.02.2026 – 20.00 часот
„СИНИОТ ПОРТОКАЛ“ – продукција : театар Велес
Автор на текст: Џо Пенхол
Режија: Александар Ивановски
Сценографија: Филип Коруновски
Костимографија: Александар Ивановски
Автор на музика: Сашко Костов
УЛОГИ
Ерџан: Фаик Мефаилоски
Д-р. Костадин : Жарко Спасовски
Д-р. Роберт : Благојчо Стојанов
Претставата не се препорачува за лица под 14 години.
Вторник, 17. 02.2026 – 20.00 ч.
„Фетишист“
Драмски автор: Мишел Турние
Адаптација: Здравко Стојмиров
Продукција: Здравко Стојмиров/НУ Народен театар Битола
Режија: Здравко Стојмиров
Актер: Здравко Стојмиров
Композитор на музика: Пеце Брада Трајковски
Сценограф: Драган Ангелковиќ, Бранко Стојмиров, Здравко Стојмиров, Горан Спасевски Времетраење на претставата: 60 минути
Јазик на кој ќе се изведува преставата: македонски јазик
Кон претставата ,,Фетишист“ :
– Монодрамата ,,Фетишист“ по Мишел Турние има за цел да ни ја претстави извртената реалност на еден живот што бивајќи свртен наопаку, поради тешките услови од војните од минатото, личните неуспешни борби, притисокот од општествените вредности и наметнатата реалност- ни ја прикажува единствената можност за постоење на еден човек, кој иако изгубен во реалноста, одлично живее во својот замислен свет и успева да најде задоволство во живеењето, каде самиот се обидува да ја создаде својата среќа и покрај сите непријатности кои го следат.
Среда, 18.02.2026 – 20.00 ч.
„Делириум тременс“ – продукција : Театарска работилница Прилеп
Претстава е наменета за сите генерации и во голема мера ги дефинира односите помеѓу уметниците и работниците, нивните влијанија, соработки и антагонизам кој се развива од неразбирање на проблемите на другите и секако за љубовта и морално – етичките дилеми, кои кај секој од нас се појавуваат во состојба љубов, страст и страв.
Претставата е одиграна на сите театарски фестивали во Македонија и има освоено три интернационални награди, две на фестивалот АЛБА МОНО во Корча, Албанија (за најдобра претстава во целина и за најдобра машка улога) и една на НИШВИЛ Џез и Театарски фестивал (за најдобро користење на музика во претставата) во Ниш, Србија.
Четврток, 19.02.2026 – 20.00 ч.
„ЦРНИЛА“, продукција:театар „Војдан Чернодрински“
Режија: Дејан Пројковски
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Марија Пупучевска
Музика: Горан Трајкоски
Драматург: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
Дизајн на плакат: Сергеј Светозарев
Играат:
НЕДА – Сара Спиркоска
ИВАН – Бобан Алексоски
МИЛКА – Катерија Чакмакоска-Клинческа
ЛУКОВ – Александар Степанулески
ХРИСТОВ – Александар Тодески
ФЕЗЛИЕВ – Димитар Ѓорѓиевски
МЕТОДИ – Михајло Миленкоски
МЛАДИЧОТ – Илија Волчески
ДЕЦА – Иво Ачански, Ангелина Тодеска, Давид Кочоски, Ива Малинческа
Сабота, 21 февруари 2026 – 20.00 ч.
Театарот „Војдан Чернодрински“ гостува во Македонскиот народен театар со претставата „Црнила“, во режија на Дејан Пројковски.
Еве како МНТ го најавува настапот на театарот „Војдан Чернодрински“.
„Црнила“ е психолошко-политичка драма, која ја разоткрива кревкоста на човековата етика во затворен систем на заговори и идеолошка дисциплина. Во фокусот е ерозијата на индивидуалната совест под притисок на колективниот мит. Наместо херојство, пред публиката се разоткрива човечката слабост, но и она што останува од човекот кога идеологијата ќе го проголта. Вистинските „црнила“ не се историски, туку антрополошки — тие се појавуваат таму каде што човекот ја губи способноста за сопствено мислење и морален избор.

Македонски



