Skip to main content
ЈА КАЖАЛА ВИСТИНАТА

Кадриу нема да се извини, ќе ја чека тужбата од Бубевски

По реакцијата на обвинителот Гаврил Бубевски во врска со изјавите на адвокатката Лејла Кадриу дека влијаел на судски одлуки, денеска со соопштение се огласи и обвинителката Елизабета Јосифоска. Таа наведува дека на нејзина сметка Кадриу изнела низа невистини, лаги и клевети во однос на нејзиното постапување како јавен обвинител во Специјалното јавно обвинителство и за работењето на целото Специјално јавно обвинителство. Јосифовска и Бубевски побараа Кадриу јавно да се извини, а во спротивно се заканија со тужба.

Од друга страна, Кадриу преку социјалните мрежи истакна дека не гледа основ за извинување.

Не гледам основ кога сум изнела факти хронолошки и професионално. Ако за нив вистина е навреда тоа е веќе нивен проблем, не мој.

Поврзани вести