
На 11.02.2026 во 19:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат Тетово-с.Требош, тетовско, патничко возило „форд фокус“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(63) од с.Озормиште, општина Желино, излетало надвор од коловозот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобила 17-годишна сопатничка, констатирани во Клиничката болница Тетово, информира МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Македонски



