Skip to main content

Креативна работилница за мартинки по повод Денот на Баба Марта

Во недела, во просториите на „Катче за приказни“ во центарот на Скопје (ул. „Борка Талески“ бр. 21а), ќе се одржат креативни работилници за деца посветени на традиционалниот обичај Мартинки, по повод Денот на Баба Марта.

Работилниците ќе се реализираат во два термина: од 11:00 часот за деца на возраст од 3 до 6 години и од 13:00 часот за деца над 6 години. Секоја сесија ќе трае 90 минути и ќе вклучува изработка на мартинки, раскажување приказни и интерактивни активности поврзани со симболиката на обичајот.

Раскажувачи на настанот се Василка Димитровска и Ена Чаусидис, кои преку приказни и креативен пристап ќе ги воведат децата во значењето на мартинките и традицијата поврзана со доаѓањето на пролетта.

Настанот е во организација на „Катче за приказни“, во соработка со ХАЕМУС – носител на обичајот Мартинки впишан во УНЕСКО, и Kreaktiva – The Storytelling & Experience Design Studio. Партиципацијата изнесува 750 или 850 денари и вклучува материјали за работа, приказна, тактилни активности, подарок боенка или читанка и готова мартинка.

Бројот на места е ограничен на 10 деца по термин, а заинтересираните треба однапред да се пријават преку објавениот линк.

Организаторите најавуваат дека работилницата има за цел да ги запознае децата со традицијата на мартинките преку креативно и интерактивно искуство.

Поврзани вести