Skip to main content

25-годишник е тешко повреден, двете возила целосно изгореле во страотната сообраќајка на обиколница на влез во Скопје

Илустрација

МВР со детали за тешка сообраќајна незгода што се случи доцна синоќа кога се судрија автомобил и камион. Инцидентот се случил на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром.

На 10.02.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В.(25) од с.Бујковци, скопско и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со неготински регистарски ознаки, управувано од Љ.Д.(56) с.Брест, штипско, при што двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „бмв“, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информираа од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Поврзани вести