Skip to main content

Осогово и Вардар играа во чест на починатите во „Пулс“

На Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани Осогово и Вардар одиграа хуманитарен натпревар во спомен и во чест на настраданите во трагедијата од 16 март лани во дискотеката „Пулс“.

Западната трибина на „Мантов“ беше полна како ретко кога во последните неколку години. Проценките велат дека имало најмалку 1.200 гледачи. „Вардар“ славеше со 4 :1, иако „жолто-сините“ поведоа први.

Но, резултатот на овој меч беше во втор план од идеата поради која се играше – во спомен на почнатите во „Пулс“.

На полувремето се случи навистина потег за респект кој го направија гостинските навивачи „Комити“. На аукција го откупија дресот на Стојанче Велинов, некогашен фудбалер на „Осогово“, кој со „Академија Пандев“ го освои националниот куп на Македонија и му го подарија на член на навивачката група „Сејмени“. Средствата, секако, одат во хуманитарни цели.

Хуманитарниот меч со Вардар луѓето од ФК Осогово го искористија да ги промовираат новите дресови, на кои е аплициран брендот „КБ Инвест“.

Поврзани вести