Skip to main content

Изложбата „ЗОРА – Нејзината заборавена шума“ од Драгослава Ѓуриќ денеска во КСП Центар- Јадро

„ЗОРА – Нејзината заборавена шума“
Изложба на слики на визуелната уметница Драгослава Ѓуриќ во во соработка со Македонското еколошко друштво

5 февруари (четврток) | 19 часот
Изложбата може да се посети до 12 февруари, секој работен ден од 10.00 до 15.00 часот

„ЗОРА – Нејзината заборавена шума“ е уметничка изложба што ги поканува посетителите да влезат во балканската шума и да се запознаат со светот во кој младата балканска рисица Зора живее заедно со други видови како дел од еден меѓусебно поврзан екосистем.  Инспирирана од теренските искуства и заложбите за зачувување на балканскиот рис во регионот, оваа изложба е пример за тоа како уметноста може да се користи како мост помеѓу зачувувањето на дивиот свет и човечката перцепција.

Наместо да ги претставуваат како симболи или бројки, сликите ги портретираат животните како засебни протагонисти, овозможувајќи им на посетителите да ги увидат нивното присуство, ранливост и важност во самата шума.  Токму ваквиот пристап го одликува креативниот израз на визуелната уметница Драгослава Ѓуриќ. Таа се занимава главно со маслено сликарство, а инспирацијата ја црпи од дивиот свет, шумите, мочуриштата и меѓусебно поврзаните животи кои ги одржуваат природните еко-системи. Нејзината работа ги истражува начините на кои може емоционално да се поврземе со животните кои најчесто ги сретнуваме оддалеку, низ бројки или како апстракции.   

Покрај сликите, изложбата ќе вклучува и избрани теренски фотографии и материјали направени од регионалниот тим за закрепнување на балканскиот рис, чиј член е и Македонското еколошко друштво. Преку нив посетителите ќе може да видат како изгледаат реалното опкружување на овој вид и работата на терен којашто придонесува за неговиот опстанок во овие краишта.
 

Поврзани вести