Skip to main content

На денешен ден e одобрена првата македонска граматика

На денешен ден, 24 јануари 1946 година, со решение на Министерството за народна просвета на Македонија, првата македонска граматика беше одобрена за учебник во средните училишта. Нејзин автор е професорот Круме Кепески, еден од клучните фигури во кодификацијата на македонскиот литературен јазик.

Граматиката по својот карактер била општа и, иако официјално наменета за образовниот систем, била користена и во администрацијата, како и од поширокото население. На тој начин, делото имало значајна улога не само во наставата, туку и во практичната употреба и стандардизацијата на јазикот во повоениот период.

Со изработката на првата македонска граматика, Кепески ги поставува основите на лингвистиката на современиот македонски јазик, а неговото дело станува и првиот учебник по македонски јазик за многу генерации по Втората светска војна.