Skip to main content

Од понеделник обилни дождови, опасност од нови поплави

Во текот на следната седмица, територијата на целиот Балкан и на Македонија ќе биде под влијание на моќен циклонски систем поради кој ќе се формираат влажни и големи фронтални бранови кои ќе условуваат обилни врнежи од дожд, а на планините снег.

Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец кој ќе достигне брзина од над 60 км/час.

Следната седмица се очекува да наврне големо количество воден талог поради што расте опасноста од зголемување на нивоата на реките и на езерата, како и нивно излевање и опасност од поплави.

Прогноза на Метеопро

Поврзани вести