
Недостатокот на квалификувани работници е голем проблем во Германија. Додека многу работни места остануваат непополнети поради ниски плати или тешки услови, постојат и професии со високи примања кои малкумина сакаат да ги работат. Според германските медиуми, пет такви професии се:
Месар – Месарите можат да заработат до 49.400 евра годишно, но работата со месо и мртви животни е физички напорна и непопуларна.
Гробар – Работата вклучува секојдневен контакт со смртта, но заработката може да достигне до 43.900 евра годишно.
ТВ планер – Познат и како ТВ дизајнер или програмски директор, се занимава со организирање телевизиски програми со потенцијална плата до 78.400 евра, но несигурната работна позиција и високите притисоци ја прават професијата стресна и непопуларна.
Работник за собирање отпад – Раководителите земаат плата до 91.300 евра, а работниците околу 39.600 евра годишно. Професијата се избегнува поради физичкиот напор и начинот на облекување.
Свештенство – Пастори и католички свештеници заработуваат во просек 53.800 евра, а највисоките позиции до 85.400 евра, но професијата останува непопуларна.
И покрај високите плати, овие професии ретко се избираат поради специфичните задачи, емоционалниот товар или физичките барања

Македонски




