Skip to main content

Фаворитите сигурни на Австралија Опен

Facebook / Wimbledon

Дел од фаворитите на Австралија опен без поголеми проблеми ја минаа пречката во третото коло. Првиот носител кај мажите Карлос Алкараз го совлада Французинот Корентин Муте со 3:0 во сетови.

За разлика од него првата носителка Арина Сабаленка одигра два долги сета за да ја совлада натурализираната Австријка Анастасија Потапова со 2:0 во сетови (7:6(4) и 7:6(7)). Со пресврт до победа од 2:1 во сетови стигна Американката Коко Гоф со триумфот над сонародничката Хејли Баптист.

Пресврт во меч од пет сета направи Данил Медведев кој го совлада Унгарецот Фабиан Маросан со 3:2 во сетови, откако противникот водеше со 2:0.

Од носителите од досегашната денешна програма настапот во третата рунда го заврши Андреј Рублев (САД), кој со 3:0 загуби од Франциско Серундоло од Аргентина со 3:0 во сетови

Поврзани вести