Skip to main content

Франција пресретна руски танкер во Медитеранот

weeksymate from pixabay
weeksymate from pixabay

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека француската морнарица запрела и извршила инспекција на нафтен танкер во Средоземното Море, за кој се верува дека е дел од руската „флота во сенка“.

Макрон преку објава на мрежата „Икс“ појасни дека бродот е под сомнеж дека плови под лажно знаме и дека е предмет на меѓународни санкции. Правосудните органи веќе покренаа истрага, а танкерот е пренасочен кон пристаниште.

Според францускиот претседател, операцијата е спроведена во консултација со сојузниците.

Решени сме да го спроведеме меѓународното право и да ја обезбедиме ефикасноста на санкциите. Активностите на флотата во сенка придонесуваат за финансирање на агресорската војна против Украина“, истакна Макрон.

Ова е втор ваков случај за неколку месеци, откако Франција во октомври заплени брод под сомнение дека и припаѓа на руската неформална флота.

Поврзани вести