
Ние тргнавме да победиме, не ни беше важна разликата, изјави македонскиот голман Никола Митревски по денешната победа над Романија со 24-23 во последниот натпревар од групата фаза на Европското ракометно првенство кое е е тек.
Најважно беше да победиме, па потоа да мислиме на резултатот. Ни се отвори можност да бркаме резултат кој ќе ни даде надеж за пласман во втора фаза. Имавме напад за шест голови предност, но го загубивме ритамот. Дозволивме Романците да постигнат неколку голови и да ја стопат негативата. Ние дадовме гол за победа во последна секунда, заслуживме да победиме, изјави Митревски..
Победата над Романија, за жал, веројатно да биде доволна за пласман во следна фаза затоа што тешко е да се поверува дека Данска може да ја победи Португалија со 18 голови разлика.
Жал ми е што не победивме со повисока предност и што немавме барем 15 секунди за напад против Португалија. Игравме против моќни екипи на ЕП, Данска и Португалија ќе се борат за медали. Позитивна е оценката за настапот на ЕП, но не е целосна. Исто како на претходното првенство, го прифаќаме како успешно, но останува доза на разочараност. Се надевам дека на следниот шампионат ќе направиме уште еден чекор за да напредуваме“, изјави Митревски.

Македонски




