
Македонската ракометна репрезентација ќе биде дел од уште големо натпреварување или од 2012 година продолжуваат настапите на Европските и Светски првенства. Нашиот национален тим вечерва го стартува деветтото ЕП, а противник ни е еден од првите фаворити селекцијата на Данска.
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов истакна дека овој настап го доживува како голема одговорност.
Девет настапи на Европско првенство, од кои осум по ред, не се случајност. Тоа е резултат на систем, на континуирана работа и на многу љубов која со години ја вложуваат тренери, играчи и сите кои се дел од овој спорт. Овој настап го доживувам како голема одговорност, но и како потврда дека македонскиот ракомет има стабилни темели. Потребни се дисциплина, фокус и максимална посветеност. Често на големите натпреварувања деталите решаваат, а нашиот најсилен адут отсекогаш бил карактерот. Малку репрезентации во Европа можат да се пофалат со ваков континуитет, а кај нас, во екипните спортови, тоа е единствен пример. Тоа носи гордост, но и обврска внимателно да го чуваме и унапредуваме она што е изградено. Горди на нашите ракометари и на начинот на кој го носат дресот на Македонија, изјави првиот човек на РФМ.
Стефанов функцијата претседател на Ракометната федерација на Македонија ја презеде на 1.март 2025 година и ова е прв голем ракометен собир за него како претседател на федерацијата.

Македонски





