Skip to main content

Аеродромите во Виена и Братислава се затворени поради мраз

Ледените услови ги принудија вработените да го затворат Меѓународниот аеродром во Виена најмалку до 11 часот наутро денес и да ги ограничат летовите до аеродромот „Вацлав Хавел“ во Прага, соопштија двата аеродрома, пренесува Ројтерс.

Дебел слој мраз се формирал на пистите во Виена и продолжил да се формира и покрај напорите за негово расчистување, изјави портпаролот. Летовите биле пренасочени кон други аеродроми, додаде тој.

Ледениот дожд, исто така, го принуди аеродромот во Прага на „многу ограничено работење“, според пораката на неговиот Икс профил.

Се очекуваат доцнења во текот на целиот ден, а пристигнувањата се ограничени бидејќи екипите работат на расчистување на главната писта од мраз, додаде тој.

Во исто време, аеродромот во Братислава во Словачка објави на социјалните мрежи дека денес е затворен поради временските услови до 11:15 часот по локално време.

Поврзани вести