Skip to main content

Сите патишта во општина Дебар се исчистени од снегот, но се препорачува внимателност

 По снежни врнежи што го зафатија дебарскиот регион, Општина Дебар, доцна попладнево информираше дека сите патишта на територијата на општината, како во градот така и во селските подрачја, се исчистени и целосно проодни.

Општинските екипи беа постојано на терен, со цел да се обезбеди безбеден и непречен сообраќај за сите граѓани. Ги замолуваме граѓаните да покажат зголемено внимание при движењето, особено во ноќните и раните утрински часови по најавата за минусни температури“, порачуваат од општината. 

Се замолуваат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и да користат зимска опрема, при чистење на дворовите и тротоарите, да не го фрлаат снегот на коловозот, бидејќи го отежнува сообраќајот и ја зголемува опасноста од незгоди.

Исто така, да внимаваат при паркирањето на возилата, да не ги паркираат на коловозите или на места кои го попречуваат сообраќајот и работата на механизацијата за чистење“, препорачуваат од Општина Дебар

Поврзани вести