
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, синоќа заедно со граѓаните ја дочека Новата 2026 година на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во празнична атмосфера исполнета со музика, радост и голем број посетители.
Премиерот на социјалните мрежи објави порака со која им посака здравје, разбирање и успеси на сите граѓани, нагласувајќи ја важноста од заедништво и позитивна енергија во новата година.
Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата година. Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија. Среќна Нова година!, напиша Мицкоски.
На дочекот на плоштадот, премиерот беше во друштво на шефот на Кабинетот, Владимир Нелоски, како и на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски. Тие заедно со илјадници граѓани ја прославија новогодишната ноќ, испраќајќи порака на оптимизам и надеж за годината што следува.

Македонски






