
Македонскиот народен театар вечер премиерно ќе го изведе сценско-музичкиот проект „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“ по повод 80 години постоење. Претставата е аудиовизуелно патување низ македонската драматургија, поезија, проза и ликовна уметност – емотивна приказна посветена на големите актери, режисери, драматурзи и на сите професионалци зад кулисите задолжени за создавањето на сценскиот универзум во МНТ.
Во пресрет на 80 години од постоењето на Македонскиот народен театар, на 29 декември, на големата сцена, премиерно ќе биде изведен сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“, од истакнатиот режисер Дејан Пројковски.ежисер: Дејан Пројковски. Драматизацијата е на: Дејан Пројковски и Андреј Цветановски, Помошник на режисерот: Андреј Цветановски, Сценограф: Валентин Светозарев, Костимограф: Марија Пупучевска, Композитор: Горан Трајкоски, Кореограф: Олга Панго, Асистент на кореографот: Ирена Лозинска, Музичари: Горан Трајкоски, Сашко Костов, Ана Митоска, Орхидеја Дукова и Оливер Настевски, Дизајнер на 3Д-видеомапинг: Сергеј Светозарев, Дизајнери на светло: Игор Митревски и Игор Ѓеоргиев, Дизајнер на тон: Ненад Трпеноски, Дизајнери на маски: Дарко Дуковски и Елена Дуковска, Стручен соработник за маски: Горан Игњатовски
Претставата е спој на минатото и сегашноста преку клучните вредности на МНТ – љубов, умeтничка храброст, посветеност, визија, тимска работа, чување на традицијата и создавање нови вредности за иднината.
Претставата е аудиовизуелно патување низ македонската драматургија, поезија, проза и ликовна уметност. Емотивна приказна посветена на големите актери, режисери, драматурзи и на сите оние професионалци зад кулисите, задолжени за создавањето на сценскиот универзум во МНТ.

Во претставата учествува огромна актерска екипа од ансамблот на Македонскиот народен театар, оперски пејачи и актери и студенти по актерска игра од Факултетот за драмски уметности и Еуропа Прима во кореографија на Олга Панго и асистент на кореографот Ирена Лозинска. Асистент на режија е Андреј Цветановски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, за костимите е задолжена Марија Пупучевска, музиката е на композитор: Горан Трајкоски и дизајнер на 3Д-видеомапинг е Сергеј Светозарев.
Публиката ќе биде дел од големо патување во театарот на сонцето. Големиот сценски спектакл ќе спои повеќе изразни средства со акцент на 3Д-видеомапингот. Идејата е преку создавање мултимедијални сцени на оригинален начин, пред сѐ, преку силно визуелен израз да се раскаже 80-годишното театарско постоење на МНТ.
Сценскиот перформанс е инспириран од сѐ она што е важно, амблематично и препознатливо за Македонскиот народен театар, за македонската култура и традиција и за Македонија, воопшто.
„Перформансот е големо патување низ националната драма и сите основоположници на македонската драма и литература. Во претставата ќе бидат претставени сценски слики од највпечатливите моменти на сите големи автори на големата драматика, како и сите оние слики што се втиснати во колективната меморија и традиција. Претставата е аудиовизуелно патување низ македонската драматургија, поезија, проза, песна и ликовна уметност. На сцената преку уметничката визија ќе видиме сценски слики што се значајни за нашиот идентитет, преку кои создаваме мозаик од музика, поезија, приказни, кои го направиле МНТ столб и чувар на нашата култура и традиција“, вели режисерот Пројковски.
ИГРААТ: Игор Џамбазов, Весна Петрушевска, Тони Михајловски, Владо Јовановски, Снежана Коневски – Руси, Александар Шехтански, Кирил Андоновски, Томе Витанов, Нино Леви, Искра Ветерова, Сенко Велинов, Дарја Ризова, Тања Кочовска, Никола Ристановски, Сашко Коцев, Звездана Ангеловска, Борче Начев, Благој Веселинов, Нина Деан, Ѓорѓи Јолевски, Габриела Петрушевска, Александар Ѓорѓиески, Наталија Теодосиева, Стефан Спасов, Александар Микиќ, Марија Новак, Оливер Митковски, Николина Кујача, Софиа Насевска – Трифуновска, Арна Шијак, Дамјан Цветановски, Григор Јовановски, Ненад Нацев, Јордан Симонов, Гораст Цветковски, Сашка Димитровска, Ивица Димитријевиќ, Висар Вишка, Ана Стојановска, Камка Тоциновски, Тина Трпкоска, Билјана Јовановска, Јана Вељановска, Леонида Гулевска, Бранко Михајловски, Илина Чонкова, Ванеса Тримчевска, Анастасија Митровска, Иво Јездиќ, Мирјана Трпковска, Ирена Димеска, Кристина Гиева, Ана Јовановска, Нела Павловска, Томе Станковски, Јована Миладинова, Стефанија Начевска, Стефани Димитрова, Енис Билаловиќ, Ѓорѓи Нешковиќ, Илин Јовановски, Тамара Ристоска, Тодор Стојковски.
OПЕРСКИ СОЛИСТИ: Ана Дурловски, Игор Дурловски
Во театарскиот спектакл учествуваат и членови на Актерското студио Михајловски.
Насловот на спектаклот „Сонцето, колку е блиску сонцето“ е првата реплика изговорена на македонски јазик од актерката Вера Вучкова на 3 Април 1945 година во театарската претстава „Платон Кречет“ од Александар Корнејчук во режија на Димитар Ќостаров.
Во драматуршката структура користени се материјали од: Глигор Прличев, Војдан Чернодрински, Ташко Георгиевски, Ристо Крле, Дејан Дуковски, Горан Стефановски, Блаже Конески, Јордан Плевнеш, Петре. М. Андреевски, Коста Рацин, Браќа Миладиновци, Никола Јонков Вапцаров, Коле Неделковски, Васил Иљоски, Гане Тодоровски, Марко Цепенков, Живко Чинго, Коле Чашуле и Крсте Петков Мисирков. Во сцените кои ја раскажуваат историјата на МНТ користени се и текстови од Бранислав Нушиќ, Исак Бабељ, Н.В. Гогољ, Гордан Михиќ и Александар Корнејчук.
Сонцето, колку е блиску сонцето е стота театарска музика на композиторот Горан Трајкоски.
Македонскиот народен театар изразува огромна благодарност до Министерството за култура и туризам за поддршката на овој исклучително значаен проект.
Голема благодарност до писателот Венко Андоновски.
Голема благодарност до Музеј на Македонија, до директорот Борче Топуковски, како и до Илија Цурев за помошта и соработката во овој значаен проект.
Изразуваме искрена благодарност до Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес за несебичната поддршка, како и до Албанскиот театар – Скопје, Факултетот за драмски уметности – Скопје и Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ и до Македонска радио телевизија (МРТ).
Претставата е во продукција на РСМ НУ Македонски народен театар
Организатор: Ивица Урдаревиќ
Дизајнер на плакат: Сергеј Светозарев
Фотограф: Кире Галевски
Видео и фото материјали: Кристијан Теодоров и Ристе Пејовски
Дрон оператор и монтажер: Никола Гаврилов
Дизајнер на програмски каталог: Димитар Димитров
Уредник на програмски каталог: Загорка Поп-Антоска Андовска
Лектор на програмскиот каталог: Јана Петревска
Раководител на општи, административни и правни работи: Васил Ризов
Соработник за општи, административни и правни работи: Неда Ризова
Раководител на кабинетот на директорот: Деспина Тодоровска
Раководител на финансии: Кристина Ацковска
Раководител на маркетинг: Сандра Стојмирова
Помошник раководител на маркетинг: Мила Анѓелковиќ
ПР консултант: Ивана Тасев
Стручен соработник за меѓународна соработка: Марија Димитриевска
Самостоен референт за административни работи: Лејла Станковиќ
Помлад соработник за меѓународна соработка: Абаз Абази
Архивар: Александра Шулевска – Гигевски
Набавувач: Тоде Милевски
Возач: Гоце Ангелковски
Технички раководител: Гунтер Кубе
Технички координатор: Југослав Ацески
Инженер на светло: Даниела Атанасова
Дизајнери на светло: Игор Митревски и Игор Ѓеоргиев
Техничари за светло: Горјан Teмелкоски, Дарко Младеновски, Кристијан Блажевски и Владо Ќулавковски
Дизајнер на тон: Ненад Трпеноски
Тон – оператор: Стефан Михајловски
Видеооператори: Драган Алексовски и Александар Ацески
Манипуланти на горен и долен погон: Васко Бојаџиски, Горан Димов и Трајче Тасевски
Гардеробери: Валентина Чонкова, Скендер Бериша и Елизабета Стамчевска
Реквизитери: Соња Крстевска, Снежана Грнчаревска, Боби Ѓелиќ, Павле Кралевски, Зоран Крстевски и Данил Цветковски
Шминкери и фризери: Бранка Пљачковска и Лора Спасовска
Декоратери: Васил Мешковски, Дејан Стамчевски, Неџат Асан, Бурхан Муареми, Мартин Китановски, Синан Ракиповски, Ибрахим Рамановски, Нерхан Османовски, Хусеин Халили, Зекирија Алим и Дурмиш Сефер
Работилница: Татјана Христоска (раководител на работилница), Ангел Петровски (вајар), Дарко Дуковски (вајар), Зоран Миновски (бравар)
Изработка на сценографија: ДООЕЛ ПЕТ Битола

Македонски







