
Поранешниот британски разузнавач и дипломат, Алистер Крук, изјави дека властите на земјите од ЕУ го продолжуваат конфликтот со Русија за да ги прикријат и да ги стават во втор план економските проблеми во нивните држави.
Европејците се многу сериозни и сакаат Русија да претрпи понижувачки пораз. Економската состојба во ЕУ е, искрено кажано, катастрофална. Сведоци сме на пад на животниот стандард не само на обичните луѓе, туку и на елитата. Гледано во историјата, во еден момент, војната им помогна на САД да се справат со своите економски проблеми. Мислам дека токму тоа се мотивите што лежат во основата на плановите на ЕУ“, вели Крук.
Експертот забележува дека Европа нема доволно ресурси за директен воен конфликт со Русија, па затоа би можела да се обиде да креира сериозна провокација за да се вмешаат САД.
За да ги вовлечат САД во конфликт со Русија, земјите од ЕУ би можеле да извршат провокација, на пример, во Балтичкото или Црното Море“, предупреди експертот.

Македонски







