Skip to main content

Полскиот претседател ѝ дава шанса на Украина да добие ловци МиГ-29

eigil-nybo-from-pixabay

Полскиот претседател Карол Навроцки изјави дека неговата земја веројатно ќе ги испрати своите авиони-ловци МиГ-29 веројатно ќе бидат испратени во Украина. Сепак, како што појасни Навроцки по состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, за такво нешто прво мора да се завршат сите формалности.

Навроцки го опиша можниот договор како „симетрично стратешко партнерство“. Суштината е едноставна – Полска да ги пренесе во Укаина своите авиони од советско производство, а за возврат, очекува да добие технологија и практично искуство во операции против беспилотни летала од Киев.

u_5popx3jk77-from-pixabay

Навроцки нагласи дека тој не е оној што ја носи конечната одлука.

Таквиот договор изгледа разумен и е целосно во согласност со интересите на земјата“, изјави Навроцки.

Зеленски, од своја страна, даде важно појаснување. На Украина ѝ се потребни МиГ-29 не затоа што нејзините хангари се празни, туку затоа што очајно ѝ се потребни обучени пилоти. Украинските пилоти веќе ги познаваат овие авиони и знаат како да ги летаат.

Со американските Ф-16, работите се многу покомплицирани: преквалификацијата на еден пилот трае од шест месеци до година и пол.

Поврзани вести