Skip to main content

Уапсен вооружен Нигериец кој нападнал полицаец пред дискотека во Градски парк

Рано утрово во 04:30 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода У.И.У.(37) од Нигерија, (со американски пасош и лична карта), соопшти МВР.

Според полицијата Нигериецот е уапсен поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол „глок“, две рамки и 30 куршуми за кои не поседувал дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.