Skip to main content

Зеленски навести повлекување на Украинците од ДНР

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не ја исклучува можноста за повлекување на украинските трупи од делот на Доњецката Народна Република (ДНР) кој е под контрола на Киев, што од Украина го бараат Соединетите Американски Држави и Русија, но воедно нагласи дека очекуваат ист потег и од Русија.

Евентуалното повлекување на трупите мора да биде реципрочно – Украина се повлекува онолку колку што ќе се повлече и Русија. Во зоната на слободна економија не смее да има тешко вооружување, не смее да има војска, изјави Зеленски, пренесе телевизијата Новости. LIVE.

Претходно, пратеникот во Врховната рада на Украина од партијата на Зеленски „Слуга на народот“, Георгиј Мазурашу, оцени дека евентуалното повлекување на единиците на Вооружените сили на Украина од делот на ДНР под контрола на Киев би било „болен, но позитивен резултат“ од преговорите за решавање на конфликтот.

Поврзани вести