Skip to main content

Котевска: Македонскиот филм се повеќе расте

Многу сум среќна што сум овде и што ги гледам овие луѓе на едно место, по една многу интензивна кампања. Ова ми е омилениот настан во овие два месеци, рече Тамара Котевска на средбата со новинари и колеги кои ја дочекаа по нејзиното враќање од Франција во Скопје, организиран по повод објавувањето на потесните листи со кандидати за „Оскар“ од страна на Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, на кои, за жал, „Приказната за Силјан“ не се најде ниту во категоријата за најдобар интернационален филм ниту за најдобар документарен филм.

Лично не сум ни малку разочарана, бидејќи ова ми е втора кампања и веќе знам какви сè ситуации и политички игри се случуваат со тоа. Не сум разочарана, бидејќи, за мене, некако заврши приказната кога „Нешенал џеографик“ го купи филмот, како врв во кариерата на еден филмаџија. Понатаму, сè друго е бонус и дел од некои елитни игри што супер ние, како Македонија, имавме шанса да ги играме, рече Котевска.

Македонскиот филм сè повеќе расте. Ова е уште една врата што отвора простор за да бидат видени нови (македонски) филмови. Тоа што го видов е дека луѓето сега ја знаат Македонија и знаат каде е на мапа, знаат што се случува, сакаат да дојдат во Македонија, што ми и е особено драго. Мораме да продолжиме да се бориме, бидејќи ние, како земја, не сме добро политички позиционирани, и мораме да го имаме тоа предвид и, можеби, некои стремежи се понереални од она што го мислиме, како оние за „Оскар“. Меѓутоа, нашиот напредок, како мотивирани индивидуи што сакаат да направат квалитет во филмот, со секоја година сè повеќе се потврдува и сакам овој успех на „Силјан“ да биде мотивација за сите други да продолжат да работат интензивно и да постигнеме нови резултати во иднина.

Котевска продолжува со успесите, потврдува и фактот што деновиве, за својот прв игран филм, „Човек против јато“, кој е уште во подготовка, ја освоила главната награда на фестивалот „Лез аркс“ во Франција, која ѝ овозможува целосна постпродукција во Париз. 

Томи Салковски, продуцент и претседател на Комисијата за избор на македонски кандидат за „Оскар“ при Друштвото на филмските работници на Македонија, пак, рече дека кандидатурата на „Силјан“ пристигнала последна.

Имаше доста дискусија, многу разговаравме, имавме еден игран и два документарци. Филмот на Котевска е најнискобуџетен, не е подржан од Агенцијата за филм (потоа таа влезе со средства за промоцијата за „Оскар“) и е класично независен, а тоа му дава дополнителна големина и тежина – додаде Салковски.

Документарецот, инспириран од познатата бајка, ја следи судбината на Никола, земјоделец, кој по тешка криза останува сам и на депонија пронаоѓа бел штрк со повредено крило. Својата светска премиера ја имаше на 82. Венециски фестивал и оттогаш доби повеќе позитивни реакции и од светската филмска критика и од публиката.

Дека Котевска продолжува со успесите, потврдува и фактот што деновиве, за својот прв игран филм, „Човек против јато“, кој е уште во подготовка, ја освоила главната награда на фестивалот „Лез аркс“ во Франција, која ѝ овозможува целосна постпродукција во Париз. 

Поврзани вести