
Овогодинешното издание на Скопскиот вински салон – Винодонија, ќе понуди возбудливо винско патување низ прекрасните ридови и лозја на Австрија, следено со практична дегустација на шест селектирани вина од реномирани австриски винарии.
Ќе се запознаеме со тероарот на Австрија, нејзините региони и подрегиони, вински регулативи и правила, категории на квалитет, како и со нејзините локални и автохтони сорти на грозје – преку кои ја стекнала својата репутација како една од најпочитуваните вински земји во светот“, најавија од Вонодонија.
Ќе се дегустираат следните вина:
Leo Hillinger Gelber Muskateller 2024
Sohm & Kracher Gruner Veltliner Alte Reben 2023
Kracher Zweigelt Trocken 2020
Leo Hillinger DAC Leithberg Blaufränkisch 2021
Kracher Spätlese Cuvee 2023
Kracher Trockenbeerenauslese NV
Предавач на овој мастерклас ќе биде сомелиерот Александар Миливојевиќ.
Мастеркласот ќе се држи во недела, 21 декември во 14:00 часот, во хотелот Мериот во Скопје во Салата за средби Д (прв кат).
Картите се во ограничен број и може да ги набавите на следниот ЛИНК.

Македонски






