Skip to main content

Одбележувањето на патрониот празник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“-Скопје, денеска и на 19 декември ќе го одбележи својот Патронат со низа свечени и културно-академски настани посветени на делото и значењето на Блаже Конески.

Централниот настан ќе се одржи денеска со почеток во 13:30 часот, во Амфитеатар 3 на Филолошкиот факултет. Во рамки на програмата ќе бидат доделени плакети на пензионирани колеги од Факултетот, како и наградите од конкурсот за студентски есеј „Блаже Конески“.

Во продолжение ќе следи промоција на нови изданија на Филолошкиот факултет, меѓу кои списанието „Современа филологија“, Том 8, број 1 (2025), монографијата „Книжевни преведувачи од Филолошкиот факултет“, Зборникот во чест на деведесетгодишнината од раѓањето на проф. д-р Волфганг Моч, како и делата „Француско-македонски јазични паралели“, „Турската кинематографија – Историја, развој и влијание“ и „Циклусот за светулките на Матеја Матевски“.

Настанот ќе биде заокружен со повеќејазично поетско читање на студентите учесници на Преведувачката работилница, по што, во 15:00 часот, ќе следи пригоден коктел во Библиотеката за македонска книжевност и култура.

Според програмата во петок (19 декември) предвидено е полагање цвеќе на гробот на Блаже Конески, а на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во 18:00 часот ќе бидат промовирани „ Зборник Како си ми? бр. 9“ и „Островски 200 години“ , по што ќе биде оржана студентска книжевна вечер „Протоѕвезда” во чест на Блаже Конески.

Со оваа програма, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ уште еднаш ја потврдува својата улога како значаен центар на филолошката мисла, културата и образованието во земјава.

Поврзани вести