
Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ присуствуваше на состанокот на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА што се одржа во Доха. На овој состанок беше присутен и првиот човек на ФИФА претседателот Џани Инфантино.
Овој комитет има за цел да работи на унапредување и координација на развојот на фудбалот во рамки на Олимписките игри и е во тесна соработка со Интернационалниот Олимписки комитет пред сè за прашањата поврзани за присутноста на фудбалот на Игрите.
Македонија има свој претставник во Доха, каде се одржува и централниот настан доделувањето на наградите „The Best“.

Македонски






