Skip to main content

На 15 декември се затвора трезорот за буџетски плаќања, потврди премиерот Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска потврди дека во понеделник на 15 декември се затвора трезорот за буџетски плаќања.

Многу е важно сите институции навремено да ги достават налозите до трезорот за да може трезорот навремено да ги плати. Ако се доставуваат налозите на 25, 27, 28 … потоа повторно Владата е виновна зошто тоа навремено не е платено. Се разбира, ќе има толеранција но ова беше кажано се со цел институциите одговорно да се однесуваат и да може да се изврши плаќањето до доверителите, она кое Министерството за финансии преку трезорот треба да го направи – рече Мицкоски.

Мицкоски присуствуваше на поставување камен-темелник на нова училишна спортска сала во населено место Колешино, во Општина Ново Село.

Поврзани вести