Skip to main content

„Kids Disco“ – поради огромен интерес, се отвора уште едно шоу на 28 декември во МКЦ

Предновогодишната магија за најмладите добива уште едно продолжение. Првото издание на „Kids Disco“, кое ќе се одржи на 28 декември во Младинскиот културен центар (МКЦ), е целосно распродадено во рекордно краток рок, што уште еднаш потврдува дека овој концепт прераснува во најбараниот детски настан во градот. Поради големиот интерес и на бројните барања од страна на родителите, организаторите донесоа одлука да отворaт уште едно дополнително шоу на истата дата – 28.12.2025 година, со почеток во 14:00 часот. „Kids Disco“ е внимателно осмислено интерактивно шоу наменето за деца од 2 до 12 години, кое комбинира музика, танц, анимација и визуелна магија. Програмата вклучува Kids DJ, маскоти, 3D анимации, професионални аниматори, како и Magic & Clown Show, создавајќи безбедна, весела и незаборавна атмосфера за најмладата публика. Настанот претставува уникатна можност за децата да ја доживеат новогодишната еуфорија преку игра, музика и заедничка радост, а за родителите – сигурен и квалитетен настан организиран по највисоки стандарди. Влезници за второто шоу се веќе пуштени во продажба и се достапни преку платформата www.kupikarta.com. Организаторите апелираат родителите навреме да обезбедат билети, со оглед на исклучително брзата продажба на првото шоу.

Поврзани вести