Skip to main content

Скопскиот аеродром го пречека три милионитиот патник, до крајот на годината се очекуваат 3,2 милиони

Милена Таскова од денешниот лет Скопје – Бари е тримилиониот патник на Меѓународниот аеродром Скопје.

Раководството на аеродромскиот оператор во присуство на вицепремиерот и министер за транспорт Алекснадар Николоски приреди изненадување за три милионитиот патник, кој доби бесплатни аеродромски услуги од сестринските компани на ТАВ и два бесплатни билета од Виз Ер.

Го достигнавме три милиониот патник во една година, патничка која првпат лета за Бари и посакав среќа на неа и нејзиното семејство, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Курт најави дека до крајот на годината Скоспкиот аеродром ќе има 3,2 милиони патници, а аеродромот во Охрид 262 000.

Поврзани вести