Skip to main content

Владимир Четкар со концерти во Њујорк, Детроит, Кливленд, Колумбус, Сан Франциско и Чикаго

Овој Декември ќе започне есенско-зимската турнеја на Владимир Четкар во САД каде тој ќе се претстави со својата авторска музика во некој од најпрестижните американски музички клубови.

Набрзо Четкар патува за Њујорк каде на 6-ти Декември ќе одржи концерт во музичкиот клуб Chelsea Table and Stage. На 13-ти Декември турнејата продолжува во Детроит во џез клубот Aretha’s Jazz Cafe at the Music Hall, а наредниот ден, 14-ти Декември тој ќе одржи концерт во BOP STOP во Кливленд.Нa 27-ми Декември Четкар ќе настапи во градот Колумбус во Natalie’s Grandview а на 8-ми Декември во Сан Франциско во џез клубот Black Cat.

Турнејата на Четкар ќе заврши во Чикаго на 10-ти Јануари со настап во Skadarliya.

Македонскиот композитор, аранжер, продуцент, гитарист и вокалист неодамна го издаде својот најнов авторски студиски албум ‘Let Us Be’ ексклузивно во Јапонија преку познатата Јапонска музичка куќа P-Vine Records и се здоби со извонредни критики и радио поддршка ширум Јапонија. За брзо овој албум ќе се издаде и надвор од Јапонија, насекаде во светот а паралелно со неговото издавањето ќе се издадат и ремикси од авторски композиции на Четкар сработени од светски познати ди-џеј продуценти.

Четкар е единствениот Македонски музички автор и изведувач кој својата музика редовно ја издава и продава во Јапонија и Јужна Кореја преку некој од најголемите тамошни музички куќи.