
Пожарникарите во Кавадарци синоќа успеале да спасат куче од водите на реката Луда Мара, по пријава од член на здружение за заштита на животните.
Кучето било забележано во речното корито – мокро, исплашено и беспомошно. Членот на здружението „Лина спаси живот – добиј живот, спас за животните“ веднаш ја известил Противпожарната служба, која реагирала брзо и професионално, извлекувајќи го животното од водата.
Кучето е пренесено во стационар каде ќе добие соодветна нега и помош. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, во објава на Фејсбук ја истакна храброста и вниманието на пожарникарите, потенцирајќи дека хуманите дела зборуваат најгласно и дека заедно се спасуваат животи.

Македонски







