Skip to main content

ХАЈДУК ВО БЕЛГРАД – Приказна за растење, пријателство и љубов на големото платно

По долгогодишната љубов на генерации читатели кон познатите детски романи на Глигорије Пецикоза, легендарниот лик Хајдук конечно го прави својот голем скок на филмското платно. Филмот „Хајдук во Белград“ претставува топла, искрена и духовита приказна за растењето, прилагодувањето и силата на младешката искреност, поставена во препознатливата енергија и ритам на големиот град.

Хајдук, момче полно темперамент и идеали, мора да го напушти својот дотогаш познат живот и заедно со семејството преселува во Белград. За него, ова е не само промена на средината, туку и судир со сосема нов свет – непознати улици, ново соседство, ново училиште и нови лица што треба да ги разбере и освоји. Во VIII-5 одделение, Хајдук се соочува со повеќеслојни предизвици: да се вклопи во колективот, да се избори со авторитетот на класот и училиштето, да ги сочува своите принципи и, пред сè, да остане верен на себе.

Тој се обидува истовремено да биде примерен ученик, лојален пријател и одговорен син, но многу брзо ќе открие дека растењето е пат исполнет со сомнежи, стравови, избори и мали лични победи. Промените што ги носи големиот град ќе го стават пред ситуации кои ќе го натераат да учи за храброста, довербата и зрелоста.

А кога во неговиот живот ќе се појави првата љубов – онаа што го збунува, воодушевува и заслепува, Хајдук ќе сфати дека постои сила која може да го помести секој негов страв и да ги промени сите правилници по кои дотогаш живеел.
Ова е приказна за првите големи чувства – за срамежливи погледи, недоискажани зборови, но и за таа специфична младешка искреност што успева да го омекне и најстрогиот свет околу нас.

Режисерот Милан Тодоровиќ создава филм кој со суптилност ја доловува атмосферата на едно време и на едно растење, потпирајќи се на емотивни, реални и топли односи меѓу ликoвите. А актерската екипа, предводена од Todor Jovanović, Dragan Mićanović, Sloboda Mićalović, Ana Lečić, Nikola Kojo, Srđan Timarov, Pavle Jerinić, Milena Predić и Jelica Sretenović, носи изведби што се природни, блиски и лесно препознатливи.

„Хајдук во Белград“

„Хајдук во Белград“ е филм за секого – за тие кои ја паметат книгата, за оние што ја читаат денес, за родители што ќе се препознаат во грижата и за младите што сè уште го откриваат својот пат.

Премиера: 04 декември 2025
Жанр: семеен
Земја: Србија
Категоризација: Трета категорија

Ова не е само приказна за едно момче. Ова е приказна за нас кога првпат научивме да сакаме, да се плашиме – и сепак да продолжиме напред.

Поврзани вести