
Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски од денеска како слободен играч е нов фудбалер на Локомотива Загреб. Ова го објави клубот на својата официјална страница.
Трајковски кој кариерата ја почна во Цементарница 55, во Хрватска досега има настапувано во Интер Запрешиќ и Хајдук, а од неколкуте екипи за кои настапуваше во странство ќе останат забележани неговите настапи во италијанскиот Палермо.
Во дресот на Хајдук одигра 32 натпревар постигна 10 голови (еден хет-трик токму против Локомотива Загреб).
За македонската репрезентација Трајковски има одиграно 98 натпревари и постигнато 24 голови.

Македонски






