
Франција, Германија, Италија и Велика Британија остро го осудија зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз палестинското население на окупираниот Западен Брег и го повикаа Израел да го спречи тоа.
Овие напади мора да престанат. Тие сеат терор меѓу цивилите и ги поткопуваат тековните напори за воспоставување мир и обезбедување трајна безбедност на самата Држава Израел“, нагласија шефовите на дипломатиите на четрите земји во заедничката изјава.
Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, на Велика Британија, Ивет Купер, на Франција, Жан-Ноел Баро, и на Италија, Антонио Тајани изјавија дека Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA) само во октомври пријавила 264 вакви напади.
Ова е најголем број напади на доселениците за еден месец откако Обединетите нации почнаа да ги евидентираат во 2006 година“, наведоа тие.
Министрите побараа од израелскиот претседател Исак Херцог, премиерот Бенјамин Нетанјаху и други високи политички и воени функционери да ги казнат сторителите на нападите врз Палестинците.
Тие го поздравија „јасното противење“ на американскиот претседател Доналд Трамп на намерата за анексија на Западниот Брег од страна на Израел и го повторија своето противење на „секаков облик на анексија, делумна или целосна, како и активности за населување што го кршат меѓународното право“.

Македонски








