
За изградбата на брзата пруга на Коридорот 10 ќе одиме со единствено решение што ќе опфаќа проектирање и градба во исто време, така што целокупната одговорност ќе биде на оној што ќе биде избран за изведувач и државата нема да има ризик од одлагање на роковите и од непотребни додадени трошоци, изјави потпретседателот на Владата и министер за транспорт Алексаднар Николоски.
Одговарајќи на прашање од пратеникот Благој Бочварски од СДСМ кои се роковите за изградбата на брзата пруга на Коридор 10, Николоски рече тоа што дополнително е многу битно е што услов во однос на изборот на финансиска куќа што ќе го поддржува проектот е кредитот да почне да се враќа во моментот кога проектот ќе биде предаден, односно грејс периодот да биде најмалку ист со рокот за градба.
На тој начин финансиската инстутуција, која што ќе го прати проектот, да врши притисок на изведувачот побрзо да ја заврши работата, што мислам дека е многу битно да немаме одлагања, кои што се, инаку многу чести во големите инфраструктурни проекти, изјави Николоски.
Во однос на активностите, Николоски рече дека по препорака од Институтот за финансиска поддршка на Обединетото Кралство веќе е одбрана компанија ИРМ која што веќе активно работи на терен на подготовка на проектот.
Активности како булдужери на террен, очекувам тоа да биде зависно од динамиката, помеѓу летото и есента следната година. И, од тој момент пет години ќе е рокот за завршување, така што, очекувам летото 2031 да биде целосно завршен, изјави Николоски, посочувајќи дека станува збор за дупла пруга, и наша цел е едната линија за карго транспорт да биде готова до 2028 година.
Николоски, исто така, информираше дека паралелено се работи на обезбедување услови и дека МЖ Транспорт е пред потпишување на договор со австриската железница ОБВ во делот на карго превоз каде наши локомотиви и вагони ќе се користат за транспорт од Пиреа до Виена.

Македонски








