
Тринаесет лица досега загинаа во пожарот во станбениот комплекс со високи згради во округот Тај По во Хонг Конг.
Локалните власти соопштија дека девет лица загинале на местото на настанот, а четворица починале подоцна во болница. Петмина повредени се во критична состојба.
Првично, беше објавено дека четири лица се мртви.
Околу 700 жители биле евакуирани и сместени во привремени засолништа. Пожарот брзо се проширил низ бамбусовите скелиња и заштитните мрежи околу фасадата на комплексот Тај По.
На видео снимки од местото на настанот се гледаат најмалку пет блиски згради зафатени од пламен, а од прозорците на многу од становите излегува чад. Според некои медиуми, горат седум згради.

Македонски








