Skip to main content

Додик во Будимпешта со Орбан: Добра средба, пријателска и полна со доверба

Многу успешна и добра средба, на која сме навикнати тука во Будимпешта со премиерот Орбан и неговиот тим. Разговаравме за нашата меѓусебна соработка и го потврдивме највисокото ниво на нашата соработка“, изјави поранешниот претсдател на Република Српска и претседателот на СНСД, Милорад Додик, по средбата со унгарскиот премиер.

Facebook / СНСД – SNSD

Додик додаде дека на стратешко ниво разговарале за голем број економски проекти што се во тек и за кои јавноста веќе знае.

Благодарни сме на Унгарија за целото нејзино внимание. Разговаравме за нови проекти и нови политички проценки. Ова е невообичаено добра средба, пријателска и полна со доверба“, изјави Додик.

Поврзани вести