Skip to main content

Обвинителството со наредба за расчистување на смртта на тетовецот пронајден со прострелна рана во главата

Freepik

По наоѓањето на безживотното тело на 42 годишник од Тетово вчера во близина на селото Нераште, Јавното Обвинителство соопшти дека по извршениот увид се дадени повеќе наредби со цел да се расчисти смртта за која првично има сомневање дека е резултат на кривично дело. А.Б. (42) беше најден во возило, облеан во крв во главата, а на предното автомобилско стакло забележана е дупка од куршум.

-Извршен е увид на лице место, дадени се повеќе насоки и наредби со цел откривање на сторителите поради сомненија дека смртта е резултат на кривично дело. Дадена е наредба за обдукција, наредба за подигање на возилото и други траги од лице место на кои ќе се врши вештачење, наредба за обезбедување на снимки од видео надзор, како и други докази, информираат од Обвинителството.

Од таму додаваат дека по наредбите се постапува.

Поврзани вести